Слушнал повеќе истрели од огнено оружје, па излегол да провери што е работата – полицијата пронајде 19 чаури
На 10.12.2025025 околу 21:20 часот во ОВР Гостивар, 24-годишен жител на с.Падалиште пријави дека на околу 50 метри од населено место во селото слушнал повеќе истрели од огнено оружје, по што излегол од куќата и отишол на местото со намера да ги предупреди лицата. Според пријавеното, на местото биле две...
На 10.12.2025025 околу 21:20 часот во ОВР Гостивар, 24-годишен жител на с.Падалиште пријави дека на околу 50 метри од населено место во селото слушнал повеќе истрели од огнено оружје, по што излегол од куќата и отишол на местото со намера да ги предупреди лицата.
Според пријавеното, на местото биле две лица кои го омаловажувале и веднаш заминале со патничко возило.
Извршен е увид и на местото се пронајдени 19 чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.