СНЕГ НАТРУПА НА ПАТИШТАТАТА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, Сообраќајка го отежнува сообраќајот на еден пат – Каква е состојбата на патиштата?
ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Во 17.35 сообраќајот на преминот БУКОВО-(РЕСЕН-ОХРИД) се одвива наизменично по една коловозна лента. ЗАБРАНИ: Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Дебар – Маврово Охрид – Кичево (Пресека) Кичево – Гостивар (Стража) Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за...
ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Во 17.35 сообраќајот на преминот БУКОВО-(РЕСЕН-ОХРИД) се одвива наизменично по една коловозна лента.
ЗАБРАНИ:
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
Дебар – Маврово
Охрид – Кичево (Пресека)
Кичево – Гостивар (Стража)
Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
Битола – Ресен (Ѓавато)
Прилеп – Македонски Брод (Барбарос)
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.