Спасовски: 44 години постоење на Специјалната антитерористичка единица Тигар: Непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја

Фејсбук статус на пратеникот Оливер Спасовски: 44 години постоење на Специјалната антитерористичка единица Тигар: Непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја. Специјалната антитерористичка единица Тигар е симбол на професионализам, обученост и одлучност, подготвени секојдневно да се соочат со најголемите предизвици во борбата против тероризмот...

Мар 13, 2025 - 12:00
 0  1
Спасовски: 44 години постоење на Специјалната антитерористичка единица Тигар: Непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја

Фејсбук статус на пратеникот Оливер Спасовски:

44 години постоење на Специјалната антитерористичка единица Тигар: Непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја.
Специјалната антитерористичка единица Тигар е симбол на професионализам, обученост и одлучност, подготвени секојдневно да се соочат со најголемите предизвици во борбата против тероризмот и криминалот.

Низ овие четири децении, САЕ Тигар не само што ја зацврсти својата позиција како клучен елемент во полицискиот систем, туку и создадовме високи стандарди на кои продолжува да се темели безбедноста на Република Северна Македонија.

Нивните активности и учество во бројни национални и меѓународни тактичко-оперативни вежби, како и нивната решителност да се справат со најсложените ситуации, ја потврдуваат нивната улога како врвни професионалци. Но, оваа храброст и посветеност не доаѓаат без жртви.

Со почит се сеќаваме на припадниците кои го дадоа својот живот за безбедноста на нашата земја и кои ќе останат засекогаш втиснати во историјата како херои.
Без разлика на предизвиците, сигурен сум дека САЕ Тигар и во иднина ќе биде на висината на задачите, борејќи се за мирот, безбедноста и стабилноста на Република Северна Македонија.

Честитки за 44 години од формирањето на САЕ Тигар!