Доказите се кристално јасни – ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски, велат од СДСМ

СДСМ известува дека Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски. – Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Правда мора...

Мар 13, 2025 - 12:00
 0  0
Доказите се кристално јасни – ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски, велат од СДСМ

СДСМ известува дека Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски.

– Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Правда мора да има!, децидни се од опозициската СДСМ.

– Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е Државен секретар во министерството на Андоновски, добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.

Ова е очигледен случај на судир на интереси и основано сомнение за корупција. ОЈО мора вендша да отвори истрага.

Тендерските мрежи на ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани, велат од опозициската партија

СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот, заклучува СДСМ во своето соопштение.