Таравари потпиша Меморандум за соработка со Словачка: нова ера на телемедицината и е-здравството во Северна Македонија
Со цел модернизација на здравствениот систем, министерот Арбен Таравари, потпиша Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Република Словачка, со акцент на електронското здравство и телемедицината – две клучни области за иднината на здравствените услуги. Министрите Арбен Таравари и Камил Шашко, во Братислава потпишаа договор, со кој се зајакнува...

Со цел модернизација на здравствениот систем, министерот Арбен Таравари, потпиша Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Република Словачка, со акцент на електронското здравство и телемедицината – две клучни области за иднината на здравствените услуги.
Министрите Арбен Таравари и Камил Шашко, во Братислава потпишаа договор, со кој се зајакнува билатералната соработка во медицинските иновации, размена на експертиза и обука на здравствени работници. Меморандумот е со цел модернизирање на дигиталната здравствена инфраструктура, олеснување на медицинските консултации од далечина и подобрување на пристапот на пациентите до медицинските услуги.
-Ова е голем чекор кон попристапен и поефикасен здравствен систем. Партнерството со Словачка ќе ни помогне да имаме корист од нивното искуство и напредната технологија во е-здравството и телемедицината, истакна министерот Таравари по церемонијата на потпишување.
Оваа соработка ги отвора вратите за конкретни проекти, кои ќе донесат иновативни технологии во здравството, подобрување на грижата за пациентите и подготовка на здравствените работници за предизвиците на дигиталната ера.