Температури длабоко под нулата наутро, потопло време денски – Метеоцентар со детални прогнози за времето

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет. Прогноза за 20.03.2025 Минимална температура: -9°C...

Мар 19, 2025 - 05:00
 0  0
Температури длабоко под нулата наутро, потопло време денски – Метеоцентар со детални прогнози за времето

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.

Прогноза за 20.03.2025
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 21.03.2025
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 22.03.2025
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Утрото студено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.