ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЦА: Прегажена жена на улица

На 06 декември 2025 година во 12:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Плачковица“ во Струмица, патничко возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 65-годишен жител на Кочани, удрило во 65-годишна жена од Струмица. Во сообраќајната несреќа жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани...

дек 7, 2025 - 17:30
 0
ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЦА: Прегажена жена на улица

На 06 декември 2025 година во 12:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Плачковица“ во Струмица, патничко возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 65-годишен жител на Кочани, удрило во 65-годишна жена од Струмица.

Во сообраќајната несреќа жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Струмица.