Тешка сообраќајна незгода во населбата Илинден

На 12 декември 2025 година околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско, патничко возило застава со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишен жител на село Марино, удрило во 46-годишен жител на село Кадино. Повредениот бил паркиран со товарно возило ман со скопски регистарски ознаки...

дек 13, 2025 - 15:00
 0
Тешка сообраќајна незгода во населбата Илинден

На 12 декември 2025 година околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, скопско, патничко возило застава со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишен жител на село Марино, удрило во 46-годишен жител на село Кадино.

Повредениот бил паркиран со товарно возило ман со скопски регистарски ознаки и во моментот се наоѓал надвор од возилото.

Во сообраќајната незгода тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.