Тмурно време, темни облаци и поројни дождови ќе ја сардисаат Македонија, некаде ќе има и снег: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во...

Мар 1, 2024 - 20:00
 0  0
Тмурно време, темни облаци и поројни дождови ќе ја сардисаат Македонија, некаде ќе има и снег: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег.

Прогноза за 03.03.2024
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 04.03.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 05.03.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а на планини од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.