„Тоа што го рече е глупаво, срамно и опасно“ – Бајден е згрозен од изјавата на Трамп за напад врз членките на НАТО

Џо Бајден ја коментираше улогата на Доналд Трамп меѓу републиканците кои се противат на пакетот за национална безбедност што беше одобрен од американскиот Сенат денеска, па се осврна на изјавата на Трамп во која тој навести дека „САД можеби нема да ги бранат своите сојузници во НАТО кои не трошат...

февруари 14, 2024 - 10:00
 0  1
„Тоа што го рече е глупаво, срамно и опасно“ – Бајден е згрозен од изјавата на Трамп за напад врз членките на НАТО

Џо Бајден ја коментираше улогата на Доналд Трамп меѓу републиканците кои се противат на пакетот за национална безбедност што беше одобрен од американскиот Сенат денеска, па се осврна на изјавата на Трамп во која тој навести дека „САД можеби нема да ги бранат своите сојузници во НАТО кои не трошат доволно за одбрана, против потенцијални руски напади“.

„Влогот за американската безбедност веќе беше голем пред овој предлог-закон да биде изгласан во Сенатот. Тоа е затоа што поранешниот претседател даде опасен и шокантно, искрено, неамерикански сигнал до светот. Пред само неколку дена Трамп го повика Путин да нападне некои од нашите сојузници, сојузниците во НАТО. Тој рече дека ако сојузникот не потрошил доволно пари за одбрана, ќе ја охрабри Русија да цитирам: „Прави што сакаат“. Можете ли да замислите поранешен претседател на САД да го каже тоа? Целиот свет го слушна тоа. Најлошото е што го мисли тоа. Ниту еден друг претседател во нашата историја никогаш не му се поклонил на руски диктатор. Дозволете ми да го кажам ова најјасно што можам: тоа е глупаво, срамно, опасно. Тоа е неамериканско. Кога Америка ќе даде збор, тоа значи нешто, ние си го држиме зборот. А НАТО е света обврска“, рече Бајден.

Тој додаде дека Доналд Трамп го гледа НАТО како товар, велејќи дека кога Трамп гледа на НАТО, „тој не гледа сојуз кој ги штити Америка и светот“.

„Тој не разбира дека НАТО е изграден врз основните принципи на слободата, безбедноста и националниот суверенитет. Затоа што за Трамп принципите никогаш не се важни. Сè е трансакциско. Тој не разбира дека посветеноста што ја направивме работи за нас. Всушност, би го потсетил Трамп на членот пет кој обезбедува взаемна одбрана доколку една членка на Алијансата биде нападната и на кој се повикавме само еднаш. Само еднаш во историјата на НАТО. И тоа беше направено за да се застане со Америка откако бевме нападнати на 11 септември. Тоа никогаш не треба да го заборавиме“, заклучи тој.