Тодоров: Се плашам дека Силјановска во кампања може да каже некои работи со кои ќе ги наруши позициите на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за здравство и образование во Владите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ говореше за одговорноста во меѓународната политика во пресрет на кампањите и истакна дека е загрижен дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во борбата за гласови може да излезе со поекстремни ставови...

Мар 2, 2024 - 14:00
 0  1
Тодоров: Се плашам дека Силјановска во кампања може да каже некои работи со кои ќе ги наруши позициите на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за здравство и образование во Владите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ говореше за одговорноста во меѓународната политика во пресрет на кампањите и истакна дека е загрижен дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во борбата за гласови може да излезе со поекстремни ставови кои ќе направат проблеми со соседите.

„Јас се секирам да не дојдеме сега ние во оваа кампања, во оваа потреба да се парира на овие кои што се обраќаат на иста публика во собава, така, ние доаѓаме тројца во собава и се обраќаме на сите луѓе тука и сега еден од нас е поекстремен а овие баш тоа сакаат да го слушнат, а ти не можеш тоа да го кажеш пошто ги знаеш овие работи за кои јас зборам, во меѓународна политика мораш да имаш и малце одговорност“ рече Тодоров.

Запрашан дали тоа се однесува на Силјановска и дека таа може да се „исклиза“ на тој терен, Тодоров одговори дека се плаши дека лесно може да отиде во тој правец.

„Се плашам да не отиде лесно во тој правец. Сега ќе речеме избори се, се простува, така е, и во Грција ќе ќутат, ќе речат и ние за избори свашта збориме така, малку од малку тие 10-15 дена една, две, три, четири работи можат да се простат, ама ако тоа продолжи уште подлабоко, уште подлабоко и ако завлезе она на тој терен поприлично длабоко да каже некои работи. Е тогаш може тоа да биде голем проблем за ВМРО потоа, не само како ќе функционира туку дали ќе функционира заради капацитетот на коалицирање или коалицискиот потенцијал“ рече Тодоров.