Трамп: Моите изјави за НАТО се начин за преговарање

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави за британски GB News дека неговите изјави за НАТО се „начин на преговарање“ со сојузничките земји. Републиканскиот милијардер посеа паника во Европа кога во февруари рече дека нема да може да гарантира заштита на земјите-членки на НАТО од Русија, доколку тие не го платат...

Мар 20, 2024 - 12:00
 0  0
Трамп: Моите изјави за НАТО се начин за преговарање

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави за британски GB News дека неговите изјави за НАТО се „начин на преговарање“ со сојузничките земји.

Републиканскиот милијардер посеа паника во Европа кога во февруари рече дека нема да може да гарантира заштита на земјите-членки на НАТО од Русија, доколку тие не го платат својот „фер дел“.

„Моите изјави се начин на преговарање. Зошто би ги заштитиле земјите кои имаат многу пари, а не плаќаат ништо. САД плаќаат најголем дел од парите за НАТО“, рече Трамп во разговор со Најџел Фараж, поранешен член на Европскиот парламент, кој со цело срце се залагаше за брегзит.

„САД го плаќаат својот дел, не треба да плаќаат за остатокот“, рече тој.

Неговите изјави беа остро критикувани од некои европски лидери и претседателот Џо Бајден. Сепак, Трамп посочува дека по неговите изјави, касата на НАТО почна да се полни.

Републиканскиот кандидат за претседателските избори во ноември редовно ги критикува сојузниците од НАТО дека не ги исполнуваат финансиските обврски кон Алијансата и тврди дека без САД нема да има НАТО.

„Не заборавајте дека ним им е поважно отколку нам, имаме цел океан кој не дели од одредени проблеми. Голем, убав океан“, рече Трамп.