Трамп за враќањето во Белата куќа: Пристигнавме точно навреме за да ја спасиме земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговото политичко враќање е доказ дека политиките и филозофијата на радикалната левица во изминатите четири години се страшни и не работат. Трамп во интервју за „Фокс њуз“ ја критикува политиката на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден осврнувајќи се повторно на инфлацијата, повлекувањето на...
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговото политичко враќање е доказ дека политиките и филозофијата на радикалната левица во изминатите четири години се страшни и не работат.
Трамп во интервју за „Фокс њуз“ ја критикува политиката на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден осврнувајќи се повторно на инфлацијата, повлекувањето на САД од Авганистан, како и војните во Украина и меѓу Израел и Хамас.
„Стигнавме точно навреме за да ја спасиме земјата“, рече Трамп.
Доналд Трамп повторно се врати во Белата куќа заканувајќи се дека ќе го урне светскиот поредок и ќе изгради нова американска империја од Панама до Гренланд. И засега европските политичари и бирократи решително одбија да реагираат со бурно негодување./Извор:Makfax