Америка: Го убивме лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда
Соединетите Држави го убиле лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда, Хурас ал-Дин, кој неодамна најави распуштање, соопшти синоќа американската војска. Силите на американската централна команда (ЦЕНТКОМ) извршија прецизен воздушен напад во северозападна Сирија, гаѓајќи и убивајќи висок функционер за финансии и логистика во терористичката организација Хурас ал-Дин (ХаД), огранок...

Соединетите Држави го убиле лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда, Хурас ал-Дин, кој неодамна најави распуштање, соопшти синоќа американската војска.
Силите на американската централна команда (ЦЕНТКОМ) извршија прецизен воздушен напад во северозападна Сирија, гаѓајќи и убивајќи висок функционер за финансии и логистика во терористичката организација Хурас ал-Дин (ХаД), огранок на Ал Каеда, објавија тие на социјалната мрежа Икс.
Идентитетот на овој џихадистички водач не е прецизиран.
„Ќе продолжиме немилосрдно да ги гониме терористите за да ја одбраниме нашата татковина и американскиот, сојузничкиот и партнерскиот персонал во регионот“, рече генералот Мајкл Ерик Курила, командант на американската Централна команда.
Соединетите Држави, чии војници се распоредени во Сирија како дел од меѓународната коалиција создадена во 2014 година за борба против џихадистите на групата Исламска држава (ИД), редовно изведуваат напади во земјата./Извор:Makfax