Тренчевска: Тошковски вчера ја прекрши пресумпцијата на невиност, се враќаат старите методи на ВМРО-ДПМНЕ

„Изјавата на министерот за внатрешни работи е некоректна затоа што постои пресумпција на невиност и не може да се спомнуваат лица, за кои надлежниот орган, ЈО сè уште не оформил предмет, односно нема доволно докази за било каква вмешаност во овој случај. Ниту за поранешниот премиер, ниту за поранешниот генерален...

дек 17, 2024 - 17:00
 0  1
Тренчевска: Тошковски вчера ја прекрши пресумпцијата на невиност, се враќаат старите методи на ВМРО-ДПМНЕ

„Изјавата на министерот за внатрешни работи е некоректна затоа што постои пресумпција на невиност и не може да се спомнуваат лица, за кои надлежниот орган, ЈО сè уште не оформил предмет, односно нема доволно докази за било каква вмешаност во овој случај. Ниту за поранешниот премиер, ниту за поранешниот генерален секретар не е покренат степен на сомневање,“ изјави пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска во гостувањето на ТВ 24.

Со вакви изјави и постапки, како што посочи Тренчевска, власта се обидува да врати стари методи на политички прогон:

„Ова наведува на тоа дека се прави политички прогон од страна на власта. Сè уште не се избришани сеќавањата и сликите кај сите граѓани во државата, како беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше на власт, каков политички прогон се правеше на лица, за дел од кои понатаму се покажа дека ЈО не ни собра доволно докази за да бидат обвинети.“ – рече Тренчевска.

СДСМ јасно стои на ставот дека секој кој прекршил закон треба да одговара, но институциите треба да делуваат непристрасно и врз основа на докази, а не под диктат на владејачките партии.

Тренчевска остро реагираше и на изборот на лица во правосудството откако ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта и обивни за силна партизација на судството.

„Кој член го избравте во совет на ЈО? Другарчето на вицепремиерот Меџити. Кого избравте за член на Судски совет? Жена на градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа тефтерчето на Гордана повторно ви работи,“ нагласи Тренчевска.

СДСМ повикува на одговорност и професионално работење на институциите, без политички притисоци и обиди за селективна правда.