Циклонска активност над Македонија, времето драстично се менува: Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на циклонска активност утре кон крајот на денот до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и...

Јан 5, 2024 - 23:00
 0  1
Циклонска активност над Македонија, времето драстично се менува: Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на циклонска активност утре кон крајот на денот до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).

Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен (над 60 км/час), а од понеделник од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Прогноза за 07.01.2024
Минимална температура: 4°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 12°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 08.01.2024
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

Прогноза за 09.01.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.