Уапсени државјани на БиХ и Србија: Се обиделе да ограбат казино

Случајот со обидот за грабеж на казиното во виенски Фаворитен конечно е разрешен откако австриската полиција го уапси и последниот осомничен за ова дело. Имено, во април 2023 година, четворица вооружени разбојници се обиделе да ограбат казино, но биле пречекани од обезбедувањето кое веднаш реагирало со предупредувачки истрели кон нив....

февруари 29, 2024 - 13:00
 0  2
Уапсени државјани на БиХ и Србија: Се обиделе да ограбат казино

Случајот со обидот за грабеж на казиното во виенски Фаворитен конечно е разрешен откако австриската полиција го уапси и последниот осомничен за ова дело.

Имено, во април 2023 година, четворица вооружени разбојници се обиделе да ограбат казино, но биле пречекани од обезбедувањето кое веднаш реагирало со предупредувачки истрели кон нив.

Откако успеале да побегнат, виенската полиција почнала да го истражува овој инцидент, па дури и распишала европска потерница по осомничените.

Најпрвин бил уапсен 23-годишен Австриец, а потоа во соработка со српски полицајци врз основа на потерница биле уапсени државјанин на БиХ (25) и 22-годишен Австриец со српско потекло. Тие веќе се екстрадирани во Австрија и се во притвор.

Со последното апсење на 22-годишен Австриец, полицијата го затвори овој случај бидејќи сите осомничени се зад решетки.

Според австриските медиуми, обидот за грабеж на казиното бил еден од посериозните инциденти бидејќи било употребено огнено оружје.