Ученик избол наставничка на влезот во училиште во Италија, и пришол одзади

Ученик (17) на влезот на стручниот институт Енаип во Вареш со нож избодел во грб 57-годишна наставничка. Таа веднаш била пренесена во болница каде и била оперирана и е надвор од животна опасност. Според извештаите, ученикот го донел оружјето од дома. Настанот се случил утрово околу 8 часот. Се уште...

февруари 5, 2024 - 17:00
 0  0
Ученик избол наставничка на влезот во училиште во Италија, и пришол одзади

Ученик (17) на влезот на стручниот институт Енаип во Вареш со нож избодел во грб 57-годишна наставничка.

Таа веднаш била пренесена во болница каде и била оперирана и е надвор од животна опасност.

Според извештаите, ученикот го донел оружјето од дома.

Настанот се случил утрово околу 8 часот. Се уште не е познат мотивот за нападот.