Уживајте во сонцето и убавото време до понеделник, од вторник поројни дождови и невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена
До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер. Услови за локален дожд...

До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината.
Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови.
Прогноза за 10.03.2025
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 17 до 22°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 11.03.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 16 до 21°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
Прогноза за 12.03.2025
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 15 до 22°C
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).