(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат по улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите
Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел. Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку стотици луѓе играа и вееа знамиња, а во позадина се слуша гласна музика. „Тој е лош човек и дојде неговото време. Ова е подарок за сите. И за Палестинците кои...
Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел.
Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку стотици луѓе играа и вееа знамиња, а во позадина се слуша гласна музика.
„Тој е лош човек и дојде неговото време. Ова е подарок за сите. И за Палестинците кои се со нас и за Евреите“, вели Нисим Вајцман додека седи пред локалната продавница.
„За мене ова не е ништо. Тоа е само еден терорист. Убиваш еден, добиваш четворица“, рекол Двир Васер, пренесува Би-би-си.
Исто така, имаше прослава претходно истиот ден кога беа објавени првите информации дека Синвар е „многу веројатно“ убиен. „Многу се големи шансите тунелскиот стаорец познат како Јахја Синвар да е мртов“, објавија преку звучници на плажата во Бат Јам, западен Израел./Извор:Makfax
Israelis in Jerusalem celebrating following the death of mass murderer Yahya Sinwar. pic.twitter.com/QZ5BiGdwST
— Im Tirtzu (@IMTIzionism) October 17, 2024