(Видео) Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин, пратката била наменета за Германија
Во Боливија се уништени 21,6 тони кокаин по најголемата заплена на дрога во историјата на земјата, објавија властите. Кокаинот бил пронајден на 15 октомври во пратка со соја. „Ги информираме Боливија и меѓународната заедница за денешното согорување 21,6 тони конфискуван кокаин“, објави на „Фејсбук“ министерот за внатрешни работи, Едуардо дел...
Во Боливија се уништени 21,6 тони кокаин по најголемата заплена на дрога во историјата на земјата, објавија властите.
Кокаинот бил пронајден на 15 октомври во пратка со соја.
„Ги информираме Боливија и меѓународната заедница за денешното согорување 21,6 тони конфискуван кокаин“, објави на „Фејсбук“ министерот за внатрешни работи, Едуардо дел Кастиљо.
Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во последните години во една операција, рече министерот.
Пратката со кокаин била наменета за Германија.
Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин по Перу и Колумбија./Извор:Makfax
#NoticieroPopular
????En un operativo antinarcóticos se logró la incineración de 21,6 toneladas de cocaína, “la mayor incautación de la historia boliviana” según autoridades de Gobierno. La carga estaba camuflada como bolsas de harina de soya. pic.twitter.com/6lCSUfqAA8— RTP Bolivia (@rtp_bolivia) October 29, 2024