Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“

Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“...

мај 5, 2024 - 22:01
 0  0
Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“

Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје.

Со свечената Велигденска литургија, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм.