ВЛЕН ги поддржува матичните лекари: Капитацијата ќе се зголеми од 75 на 100 денари по пациент

Коалицијата ВЛЕН, слушајќи ги потребите и барањата на матичните лекари, направи важен чекор кон подобрување на условите за работа во примарниот здравствен сектор. Министерот за Здравство Арбен Таравари во соработка со претставници од здравствениот сектор најави зголемување на капитацијата за матичните лекари за 20 до 25 денари. „Па така, од...

Јан 29, 2025 - 12:00
 0  1
ВЛЕН ги поддржува матичните лекари: Капитацијата ќе се зголеми од 75 на 100 денари по пациент

Коалицијата ВЛЕН, слушајќи ги потребите и барањата на матичните лекари, направи важен чекор кон подобрување на условите за работа во примарниот здравствен сектор. Министерот за Здравство Арбен Таравари во соработка со претставници од здравствениот сектор најави зголемување на капитацијата за матичните лекари за 20 до 25 денари.

„Па така, од следниот период капитациониот надоместок од 75 денари ќе се зголеми на 100 денари по пациент, мерка која има за цел да ги поддржи лекарите од примарната здравствена заштита во исполнувањето на нивните обврски и подобрување на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните. Ова исто така ќе игра улога во спречувањето на болестите, а не само во нивното лекување. Ќе работиме со лекарите од примарната здравствена заштита за да ги охрабриме пациентите да подлежат на повеќе здравствени прегледи и тековни тестови, особено мамографија за жени. Ова зголемување претставува јасен доказ за посветеноста на коалицијата ВЛЕН и Министерството за Здравство да гислушаат и да ги задоволат реалните потреби на лекарите од примарната здравствена заштита. Тоа е чекор кој не самошто ја зголемува нивната мотивација, туку придонесува и за градење на поефикасен и поквалитетен здравствен систем за сите граѓани“, истакнуваат од ВЛЕН.

ВЛЕН како што велат, ветува дека оваа одлука е само една од многуте меркишто ќе бидат преземени за подобрување на условите за работа на здравствените работници и унапредување на здравствениот сектор воопшто.

„Коалицијата ВЛЕН останува посветена на продолжување на дијалогот со сите релевантни чинители и на обезбедување дека барањата и грижите на лекарите се земаат предвид при секој чекор од донесувањето одлуки. ДУИ нон грата го остави здравството во “клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на коалицијата ВЛЕН и министерот Таравари. Заврши времето на скандали на онкологија, палење модуларни болници, сурови услови во болниците и игнорирање на гласот на матичните лекари“, завршуваат од ВЛЕН./Извор:Makfax