Времето се менува: Метеоролозите излегоа со најнова прогноза – можно невреме со дожд и грмежи

Утре и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и...

Јан 29, 2025 - 00:00
 0  1
Времето се менува: Метеоролозите излегоа со најнова прогноза – можно невреме со дожд и грмежи

Утре и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи.

Прогноза за 30.01.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Во јужните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.

Прогноза за 31.01.2025
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.

Прогноза за 01.02.2025
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

По котлините со појава на магла. Преку денот краткотрајно на истокот со сончеви периоди, а од запад со зголемена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.