Во делови од Македонија ќе трупа снег, а некаде ќе врне дожд – Синоптичарите објавија детална прогноза за следните 4 дена

За време на викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна...

Јан 12, 2024 - 23:00
 0  1
Во делови од Македонија ќе трупа снег, а некаде ќе врне дожд – Синоптичарите објавија детална прогноза за следните 4 дена

За време на викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Прогноза за 14.01.2024
Минимална температура: -12°C до -6°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 15.01.2024
Минимална температура: -9°C до -5°C
Максимална температура: 4°C до 8°C

Променливо облачно, претежно во западните делови со локални врнежи од дожд, на планините и во повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.01.2024
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 9°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините и во повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува.