Во Швајцарија ќе се одржат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Швајцарската влада денеска соопшти дека во оваа фаза Русија не е меѓу 160-те делегации поканети на мировните преговори за Украина што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни. „Швајцарија е убедена дека Русија мора да биде вклучена во тој процес“, соопшти швајцарската влада. „Мировниот процес не е можен...

мај 2, 2024 - 21:00
 0  0
Во Швајцарија ќе се одржат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Швајцарската влада денеска соопшти дека во оваа фаза Русија не е меѓу 160-те делегации поканети на мировните преговори за Украина што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

„Швајцарија е убедена дека Русија мора да биде вклучена во тој процес“, соопшти швајцарската влада. „Мировниот процес не е можен без Русија“.

Швајцарската влада соопшти дека отсекогаш била отворена за поканата на Русија, но Москва постојано нагласувала дека не е заинтересирана за учество на првиот самит.

Руските власти истакнуваат дека Швајцарија усвоила европски санкции против Москва поради инвазијата на Украина и затоа нема кредибилитет како неутрален посредник./Извор:Makfax