Во судир на автобус и автомобил во Хрватска, две лица загинаа, а триесетина се повредени
Како што пишуваат хрватските медиуми две лица загинаа, а околу триесет се повредени рано утрово во судир на автобус и автомобил, и двете возила со босанска регистрација, на автопатот Загреб-Белград, помеѓу Поповача и Криж, соопшти хрватската полиција. Хрватското Министерство за здравство соопшти дека 29 повредени лица се префрлени во болниците...

Како што пишуваат хрватските медиуми две лица загинаа, а околу триесет се повредени рано утрово во судир на автобус и автомобил, и двете возила со босанска регистрација, на автопатот Загреб-Белград, помеѓу Поповача и Криж, соопшти хрватската полиција.
Хрватското Министерство за здравство соопшти дека 29 повредени лица се префрлени во болниците во Загреб, Сисак и Пакрац, каде што им е укажана медицинска помош.
Во соопштението се наведува дека веднаш по добивањето на информацијата за сообраќајната несреќа, која се случила околу 3 часот наутро, на местото на настанот излегле сите дежурни служби за итни случаи, девет екипи на службата за итна медицинска помош, од кои шест од Сисачко-Мославинската жупанија и три екипи од Загрепската жупанија.
„Со ова изразуваме сочувство до семејствата на починатите и им посакуваме брзо закрепнување на оние кои се лекуваат во нашите болници“, се вели во соопштението.
Во тек е истрага за утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа.
Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на тој дел од автопатот е отежнат, а еден период автопатот помеѓу Поповача и Криж беше целосно затворен, а возилата беа пренасочени кон државните патишта. Моментално, сообраќајот е во прекин само во правец на Брегана, додека е отворен во правец на Липовац и Белград.