Возач ја прегази на крстосница во Тетово – веднаш пренесена во болница!

На 03.12.2025 во 07:35 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на крстосницата од булевар „Илинденска“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген Туран“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 54-годишен маж од Тетово, удрило во пешак – 57-годишна жена од Тетово. Во несреќата...

дек 4, 2025 - 13:30
 0
Возач ја прегази на крстосница во Тетово – веднаш пренесена во болница!

На 03.12.2025 во 07:35 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на крстосницата од булевар „Илинденска“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген Туран“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 54-годишен маж од Тетово, удрило во пешак – 57-годишна жена од Тетово.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.