Времето повторно значително се менува, доаѓа СТУД – Метеоцентар со детална прогноза
Денес ќе има повремени врнежи од снег, а само во јужните делови од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта. И утре ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува...

Денес ќе има повремени врнежи од снег, а само во јужните делови од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта. И утре ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда засилен северен ветер. Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под -10 степени.
Прогноза за 19.02.2025
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.
Прогноза за 20.02.2025
Минимална температура: -13°C до -3°C
Максимална температура: -1°C до 8°C
Утрото ведро и многу студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 21.02.2025
Минимална температура: -12°C до -4°C
Максимална температура: -2°C до 7°C
Утрото ведро и многу студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува умерен ветер од северен правец.