Врнежи од снег во западните, централните и источните делови од државата, сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните, централните и источните делови од државата, но во моментов не преставуват пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 мeтри има на...

февруари 17, 2025 - 13:00
 0  1
Врнежи од снег во западните, централните и источните делови од државата, сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните, централните и источните делови од државата, но во моментов не преставуват пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 мeтри има на планинскиот превој Стража, до 70 метри на планинскиот превој Плетвар, во Крушево до 80 метри и во Маврово од 50 – 70 метри.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Извор:Makfax