Заложничка криза во Холандија: Непознато лице заробило луѓе во кафуле, во тек е евакуација на 150 домаќинства

Во градот Еде во Холандија непознато лице држи заложници во локално кафуле, јавуваат холандските медиуми. Во тек е евакуација на луѓето од 150 домови поради потенцијална заложничка криза. Полицијата е на терен и ги повика граѓаните да не излегуваат на улица и да го избегнуваат центарот на Еден. Останете внатре...

Мар 30, 2024 - 15:00
 0  0
Заложничка криза во Холандија: Непознато лице заробило луѓе во кафуле, во тек е евакуација на 150 домаќинства

Во градот Еде во Холандија непознато лице држи заложници во локално кафуле, јавуваат холандските медиуми. Во тек е евакуација на луѓето од 150 домови поради потенцијална заложничка криза.

Полицијата е на терен и ги повика граѓаните да не излегуваат на улица и да го избегнуваат центарот на Еден.

Останете внатре и не доаѓајте да гледате“, напиша полицијата на X. Можно е во инцидентот да е вклучено лице кое претставува опасност за себе и за околината, изјави портпаролот на полицијата.