Зеленски: Турција ја гледаме како партнер во безбедносните гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина. Додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим...

Мар 14, 2025 - 12:00
 0  1
Зеленски: Турција ја гледаме како партнер во безбедносните гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина.

Додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји.

Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Чумакли и разговараа за билатералните односи, соработката во производството на дронови, како и за учеството на турските компании во обновата на Украина.

„Важно е турските компании да имаат поголемо присуство во Украина. Нашата земја го цени ова, како и поддршката и помошта од Турција, особено снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар“, рече Зеленски./Извор:Makfax