Зеленски: Украина има мали шанси да преживее без американската поддршка

Украина има мали шанси да преживее руски напад без американска поддршка, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за Ен-Би-Си. „Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. И се разбира, во сите тешки ситуации имате шанса. Но, ние ќе имаме мала шанса – мала шанса да преживееме без поддршката на САД“,...

февруари 16, 2025 - 00:00
 0  3
Зеленски: Украина има мали шанси да преживее без американската поддршка

Украина има мали шанси да преживее руски напад без американска поддршка, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за Ен-Би-Си.

„Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. И се разбира, во сите тешки ситуации имате шанса. Но, ние ќе имаме мала шанса – мала шанса да преживееме без поддршката на САД“, рече Зеленски во интервјуто.

Неговите коментари доаѓаат по телефонските разговори претходно оваа недела меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин./Извор:Makfax