Земјотрес од 6 степени според Рихтер би бил катастрофален за Санторини, цунами е малку веројатно, но не и невозможно, вели грчки експерт

Земјата во Грција не мирува веќе 10 дена, а стравот и агонијата кај жителите на Санторини се зголемуваат бидејќи сеизмичката активност не стивнува. За оваа ситуација се огласи истражувачот Костас Папазахос, кој за грчките медиуми зборуваше за последиците што може да ги има земјотресот на грчкиот остров. „Ова е еден...

февруари 3, 2025 - 18:00
 0  1
Земјотрес од 6 степени според Рихтер би бил катастрофален за Санторини, цунами е малку веројатно, но не и невозможно, вели грчки експерт

Земјата во Грција не мирува веќе 10 дена, а стравот и агонијата кај жителите на Санторини се зголемуваат бидејќи сеизмичката активност не стивнува. За оваа ситуација се огласи истражувачот Костас Папазахос, кој за грчките медиуми зборуваше за последиците што може да ги има земјотресот на грчкиот остров.

„Ова е еден од најтешките периоди во овој грчки регион. Тоа не мора да значи дека ќе има силен земјотрес, само е можно да се ослободи топлинска енергија и да имаме помали земјотреси на Санторини, кои траат долго време“, објаснува експертот.

„Од сè што слушнавме во последните денови, има работи што мора да ги знаеме и работи што не би можеле да ги знаеме. Прво, во светот постои сериозна научна технологија, која би го проценила ризикот од земјотреси. Има некои индикации“, објаснува.

Тој вели дека земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала или посилен би бил катастрофален за грчкиот остров.

„Секако, доколку се случи земјотрес од оваа јачина, ќе има штети во радиус од 225 километри“, објаснува Костас.

Костас посочува дека е малку веројатно оти би се случило цунами во Грција, но не и невозможно. Секако, земјотресот може да предизвика големи штети на зградите, главно постарите.

„Многу е тешко да се дефинира кога може да се појави таков проблем, може да трае неколку дена, недели… Има случаи што траат една недела, а некои и неколку месеци. За жал, ова е непредвидливо“, вели тој.

Што се однесува до вулканската активност, тој вели дека се работи за две сосема спротивни појави што се случиле во блиски временски периоди. Вулканот со месеци доживува деформација во рамките на Калдерата, што доведува до мали земјотреси или ниска сеизмичност.

„Тоа е вредно за внимание поради што Цивилната заштита излезе со соопштение за благa сеизмичност. Оваа интензивна сеизмичност сега е втора појава поради што Санторини е нападнат од две страни“, вели Костас./Извор:Makfax