Значителна голема промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следниот период
Продолжува периодот на стабилно, а особено на повисоките места и на планините и релативно топло време. Висината на снежната покривка позначително ќе се намалува од средината на следната недела. По котлините и понатаму од наутро ќе биде со магла и постудено. Повремени врнежи од дожд претежно во западните делови ќе...
Продолжува периодот на стабилно, а особено на повисоките места и на планините и релативно топло време. Висината на снежната покривка позначително ќе се намалува од средината на следната недела.
По котлините и понатаму од наутро ќе биде со магла и постудено. Повремени врнежи од дожд претежно во западните делови ќе има во среда.
Прогноза за 27.01.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 15°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. По котлините магливо и претежно тивко.
Прогноза за 28.01.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 14°C
Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 29.01.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 14°C
Променливо облачно, а по котлините магливо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.