Значителни промени на времето, УХМР со нови најави – Детална прогноза за следните 4 дена
Утре ќе се задржи облачно време, на повеќе места со врнежи од дожд кои во јужните делови ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Ќе дува умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, во сабота со...
Утре ќе се задржи облачно време, на повеќе места со врнежи од дожд кои во јужните делови ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Ќе дува умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, во сабота со услови за слаб локален дожд, а во недела сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица.
Прогноза за 02.03.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно, претпладне со услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува.
Прогноза за 03.03.2024
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 04.03.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.