Јовановски за проблематизирањето од ВМРО-ДПМНЕ на Џафери: Се работи за камуфлажа за внатрепартиски случувања

„Очигледно е дека пред оваа четврточна седница на Собранието кога Владата заминува во оставка со најава дека од понеделник ќе имаме нова техничка влада за која не знаеме како ќе се случи и кој ќе гласа за истата. Има разни шпекулации, но може да се прочита дека зад сцената се...

Јан 24, 2024 - 20:00
 0  2
Јовановски за проблематизирањето од ВМРО-ДПМНЕ на Џафери: Се работи за камуфлажа за внатрепартиски случувања

„Очигледно е дека пред оваа четврточна седница на Собранието кога Владата заминува во оставка со најава дека од понеделник ќе имаме нова техничка влада за која не знаеме како ќе се случи и кој ќе гласа за истата. Има разни шпекулации, но може да се прочита дека зад сцената се случуваат многу динамични работи, изјави новинарот Борјан Јовановски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Во однос на проблематизирањето на новиот премиер во техничката Влада, Талат Џафери, Јовановски рече дека се работи за фина камуфлажа за оние внатрепартиски случувања.

„Критично е времето околу изборот на кандидат во едната и во другата партија, како ќе се позиционираат политичките партии, кој со кого ќе оди, кои ќе бидат коалиционите партнери. Тоа е главната тема, а останатото е забава за народот“, потенцираше Јовановски.
Тој додаде дека белег на неделата прави и посетата на помошникот на државниот секретар за Европа О`Брајан кој завчера беше во посета на Скопје.

„Тој негов обид да ги стави на ист колосек албанските политички партии, некои медиуми објавија за нон-пејпер техника која евентуално би се применила. Се водат интензивни разговори во врска со тоа. Има извесен отпор од Алтернатива на Таравари да влезе во тој здружен европски фронт заедно со ДУИ и ДПА“, посочи Јовановски.

Тој заклучи дека во албанскиот политички блок има сериозни случувања и тешко е да се предвиди во кој правец ќе одат.