133 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 133 возачи. Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час...

април 19, 2024 - 13:00
 0  0
133 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 133 возачи. Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.