Уписи на УКИМ – слободни 10 473 места за бруцоши на 23-те факултети

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/ Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма. Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет - 775, Медицинскиот - 760, Економскиот факултет - 700, Машинскиот - 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ - 570... Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии. -Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска. Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ. Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.

авг 30, 2023 - 07:40
 0  15