14-годишна ученичка паднала од прозорец на училишна зграда во Бихаќ

14-годишна ученичка паднала од прозорец на основно училиште кај Бихаќ, потврдија во полициската управа на Унско-санскиот кантон. Истрагата која се уште е во тек треба да ги утврди околностите кои довеле до овој настан. Девојчето се здобило со тешки физички повреди, но животот не и е загрозен и синоќа е...

февруари 16, 2024 - 12:00
 0  0
14-годишна ученичка паднала од прозорец на училишна зграда во Бихаќ

14-годишна ученичка паднала од прозорец на основно училиште кај Бихаќ, потврдија во полициската управа на Унско-санскиот кантон.

Истрагата која се уште е во тек треба да ги утврди околностите кои довеле до овој настан.

Девојчето се здобило со тешки физички повреди, но животот не и е загрозен и синоќа е сместена на понатамошно лекување во Сараевскиот клинички центар, изјавиле за порталот Краина, пренесува „Српскаинфо“.

Се уште нема подетални информации за овој инцидент.