17-годишно момче од Блаце загина во несреќата со автобусот, возачот на третото возило побегнал

Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Шуто Оризари – Горно Оризари. Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, во несреќата учествувале автобус на ЈСП, автомобил, кој бил управуван од 17-годишник од Блаце и уште едно возило „фолксваген голф“ по што возачот го напуштил местото....

авг 13, 2024 - 18:00
 0  0
17-годишно момче од Блаце загина во несреќата со автобусот, возачот на третото возило побегнал

Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Шуто Оризари – Горно Оризари.

Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, во несреќата учествувале автобус на ЈСП, автомобил, кој бил управуван од 17-годишник од Блаце и уште едно возило „фолксваген голф“ по што возачот го напуштил местото.

Седумнаесетгодишникот починал во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, а повреден е и неговиот малолетен сопатник од истото село.

Извршен е увид на местото на несреќата./Извор:Makfax