СЗО повикува на забрана за храна со висока содржина сол

Светската здравствена организација ги повика земјите да воведат законски ограничувања за количината сол во преработената храна, рестораните и кантините како дел од серијата препораки за спречување на прекумерното внесување и намалување на стапката на срцеви заболувања. Како што е наведено, речиси сите земји од европскиот регион, 51 од 53, имаат...

мај 21, 2024 - 02:00
 0  21
СЗО повикува на забрана за храна со висока содржина сол

Светската здравствена организација ги повика земјите да воведат законски ограничувања за количината сол во преработената храна, рестораните и кантините како дел од серијата препораки за спречување на прекумерното внесување и намалување на стапката на срцеви заболувања.

Како што е наведено, речиси сите земји од европскиот регион, 51 од 53, имаат просечно дневно внесување сол над максималното препорачано, што е пет грама дневно.

Ова предизвикува сериозни здравствени проблеми бидејќи прекумерната потрошувачка на сол е една од водечките причини за висок крвен притисок или хипертензија, што е најголемиот ризик-фактор за кардиоваскуларни болести, според СЗО.

„Колку е поголемо намалувањето на внесувањето сол, толку е поголем падот на крвниот притисок: намалувањето на внесувањето сол може да ја намали смртноста од кардиоваскуларни болести и појавата на срцеви удари“, се вели во соопштението на канцеларијата на СЗО за Европа./Извор:Makfax