Орданоски: Силјановска Давкова нема да се занимава со безбедносната политика, со тоа ќе се бави Ковачки познат по мизогените напади кон Петровска

„Снимката со неизговарање на уставното име од страна на Силјановска Давкова ќе остане во историјата на Македонија. Нема да останат протестите на Европската Унија. Она влегува во горда Македонија како во камен исклесана. Денеска да се направи трет круг од претседателски избори би добила уште 150.000 гласови. Политичката последица од...

мај 15, 2024 - 07:00
 0  14
Орданоски: Силјановска Давкова нема да се занимава со безбедносната политика, со тоа ќе се бави Ковачки познат по мизогените напади кон Петровска

„Снимката со неизговарање на уставното име од страна на Силјановска Давкова ќе остане во историјата на Македонија. Нема да останат протестите на Европската Унија. Она влегува во горда Македонија како во камен исклесана. Денеска да се направи трет круг од претседателски избори би добила уште 150.000 гласови. Политичката последица од ова е дека Гордана нема да се бави со одбранбената и безбедносната политика во Македонија. Со тоа ќе се занимава Ковачки. Тој не ќе може таму да биде официјално поставен бидејќи до каде што ќе можат странците да влијаат него ќе го закочат. Реално, во име на Мицкоски ќе се занимава Ковачки“, рече новинарот и аналитичар Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека идеите на Ковачки се познати во јавноста.

„Неговите идеи ги знаеме. Тој во принцип е еден прилично деструктивен човек. Тоа не пропушта прилика да го манифестира на различни начини, со едни мизогени напади кон досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска, ако нешто и значи на претседателката. Она нема да се занимава со надворешната политика. Ќе видиме дали ќе има сила да именува жена на позицијата шеф на разузнавање“, потенцираше Орданоски.

Тој смета дека нема да и биде дозволено.

„ВМРО-ДПМНЕ да пушти жени во тајни служби нема шанси. Може да вработат само секретарка и кафекуварка“, заклучи Орданоски.