19-годишник по потекло од Македонија е главен осомничен за можен терористички напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена
Во Австрија се уапсени двајца екстремисти, а еден од нив е осомничен дека планирал напад на некои од настаните во Виена, вклучително и на претстојните концерти на Тејлор Свифт. Еден од уапсените лица е 19-годишно момче по потекло од Македонија. Извршен е претрес на куќата на 19-годишниот маж, кој е...
Во Австрија се уапсени двајца екстремисти, а еден од нив е осомничен дека планирал напад на некои од настаните во Виена, вклучително и на претстојните концерти на Тејлор Свифт. Еден од уапсените лица е 19-годишно момче по потекло од Македонија.
Извршен е претрес на куќата на 19-годишниот маж, кој е уапсен, при што се одземени одредени предмети, како и пронајдените хемиски материи. Момчето наводно работело за хемиска компанија.
Според неофицијални информации, неколку недели претходно ѝ се заколнал на лојалност на терористичката организација Исламска држава (ИД), а соседите за медиумите изјавиле дека неодамна забележале промена во неговото однесување.
Своите планови за терористички напад наводно ги споделил со друг симпатизер на ИД преку СМС, а полицијата заклучила дека токму на концертот можел да биде изведен нападот, според неговите пребарувања./Извор:Makfax