„Америка виде лидер вечерва“: Се огласи Бајден по дебатата меѓу Трамп и Харис

Актуелниот американски претседател Џо Бајден за првпат зборуваше по претседателската дебата на САД меѓу Камала Харис и Доналд Трамп. Според извештаите, Бајден го гледал првото соочување меѓу претседателските кандидати во Њујорк веднаш откако се вратил од роденденската забава на својата внука. Тој на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) изјави дека...

септември 11, 2024 - 12:00
 0  2
„Америка виде лидер вечерва“: Се огласи Бајден по дебатата меѓу Трамп и Харис

Актуелниот американски претседател Џо Бајден за првпат зборуваше по претседателската дебата на САД меѓу Камала Харис и Доналд Трамп.

Според извештаите, Бајден го гледал првото соочување меѓу претседателските кандидати во Њујорк веднаш откако се вратил од роденденската забава на својата внука.

Тој на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) изјави дека неговата потпретседателка покажала дека таа е „најдобриот избор“ да ја води државата.

– Америка вечерва виде лидер со кој сум горд што соработувам три и пол години. Не беше ни блиску. Потпретседателката Харис покажа дека таа е најдобриот избор да ја води нашата нација напред. Не се враќаме назад – напиша Бајден./Извор:Makfax