Ангелов ги испрати „ер тракторите“ од Кипар, кои помагаа во гаснењето на пожарите
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал на двата ПП-авиона „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК. Како што наведуваат во соопштението, според техничките можности на воздухопловите и персоналот, двата „ер трактора“ го дадоа својот максимум во справувањето со...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал на двата ПП-авиона „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК.
Како што наведуваат во соопштението, според техничките можности на воздухопловите и персоналот, двата „ер трактора“ го дадоа својот максимум во справувањето со пожарите во земјава.
Ангелов искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава./Извор:Makfax