Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена во Битолско

Вчера, во 8.47 часот, во СВР Битола, В. К. пријавила дека при извршување работи на нива во село Драгожани, Битолско, била пронајдена стара граната, извести МВР. „Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната од Првата светска...

Мар 29, 2024 - 14:00
 0  0
Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена во Битолско

Вчера, во 8.47 часот, во СВР Битола, В. К. пријавила дека при извршување работи на нива во село Драгожани, Битолско, била пронајдена стара граната, извести МВР.

„Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна во калибар од 75 мм“, соопшти МВР.