Авионот со потпретседателот на Малави исчезна од радарот: армијата започна итна операција

Авионот со потпретседателот на Малави и уште девет патници исчезна од радарот откако во понеделникот го напушти главниот град Лилонгве. Претседателот Лазарус Чаквера нареди операција за пребарување и спасување откако претставниците на воздухопловните сили не можеа да стапат во контакт со авионот. Според Би-Би-Си, Чаквера го откажал и планираниот лет...

јуни 11, 2024 - 20:02
 0  5
Авионот со потпретседателот на Малави исчезна од радарот: армијата започна итна операција

Авионот со потпретседателот на Малави и уште девет патници исчезна од радарот откако во понеделникот го напушти главниот град Лилонгве.

Претседателот Лазарус Чаквера нареди операција за пребарување и спасување откако претставниците на воздухопловните сили не можеа да стапат во контакт со авионот. Според Би-Би-Си, Чаквера го откажал и планираниот лет до Бахамите.

Засега не се знае судбината на потпретседателот на малата африканска земја Саулос Чилима и деветте патници.

– Растат стравувањата дека потпретседателот на Малави, Саулос Чилима, загинал при принудно слетување во шумата Чикангава, откако утринава неговиот хеликоптер не слетал на аеродромот – пренесува порталот „Малави24“.

Авионот на вооружените сили на Малави требаше да слета на меѓународниот аеродром Мзузу на северот на земјата нешто по 10 часот по локално време./Извор:Makfax