Автомобил покоси возило на патарина во Италија, расте бројот на жртви

Три лица загинаа, а шест се повредени во сообраќајна несреќа во италијанската област Тоскана во областа Ливорно, кога автомобил управуван од германски државјанин удрил во друг автомобил на наплатна рампа. Возачот и неговата сопруга загинаа кога нивниот автомобил удрил во автомобил управуван од 21-годишен маж, кој исто така загинал, пренесува...

јуни 3, 2024 - 15:01
 0  2
Автомобил покоси возило на патарина во Италија, расте бројот на жртви

Три лица загинаа, а шест се повредени во сообраќајна несреќа во италијанската област Тоскана во областа Ливорно, кога автомобил управуван од германски државјанин удрил во друг автомобил на наплатна рампа.

Возачот и неговата сопруга загинаа кога нивниот автомобил удрил во автомобил управуван од 21-годишен маж, кој исто така загинал, пренесува РАИ.

Повредени се вкупно шест лица, меѓу кои и еден работник на наплатната рампа.

Надлежните сметаат дека до несреќата дошло поради болест на германскиот државјанин кој управувал со автомобилот што ја предизвикал несреќата./Извор:Makfax