Би можеле да воведат итни мерки: откриени 500 случаи на мајмунски сипаници во Кина

Од 20 септември Кина планира да се бори против мајмунските сипаници на ист начин како што тоа го прави кога станува збор за некои други заразни болести, како што е корона вирусот, објавија денеска здравствените власти во земјата. Во август во Кина беа откриени околу 500 случаи на мајмунски сипаници,...

септември 16, 2023 - 06:50
 0  3
Би можеле да воведат итни мерки: откриени 500 случаи на мајмунски сипаници во Кина

Од 20 септември Кина планира да се бори против мајмунските сипаници на ист начин како што тоа го прави кога станува збор за некои други заразни болести, како што е корона вирусот, објавија денеска здравствените власти во земјата.

Во август во Кина беа откриени околу 500 случаи на мајмунски сипаници, кои, како што соопшти кинеската Национална здравствена комисија, ќе се третираат во согласност со протоколите од категоријата Б, кои вклучуваат Ковид-19, ХИВ и САРС.

Кина би можела да воведе итни мерки
Оваа категорија имплицира дека Кина би можела да воведе итни мерки, како што се ограничување на собири, привремено прекинување на работата или училиштата или затворање на одредени области.

– Повеќе од 20 провинции пријавија случаи на мајмунски сипаници во Кина од првиот увезен случај во септември 2022 година и почетокот на локално пренесените случаи во јуни 2023 година, што предизвика постојани епидемии и „скриени“ преноси – соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Заразните болести спаѓаат во три категории
Во Кина, заразните болести се класифицирани во три категории, од кои највисока е категоријата А, која на властите им дава овластување да ги стават во карантин пациентите и оние кои биле во близок контакт со нив.

Кина ја класифицираше борбата против корона вирусот, кој припаѓаше на категоријата А, во категоријата Б на крајот на 2022 година, откако речиси три години беа во сила строгите ограничувања, кои вклучуваа затворање на цели градови.